Одбележуваме 75 години од убиството на големиот бугарски духовник митрополит Борис Неврокопски од село Ѓавато, битолско
Денеска се навршуваат 75 години од свирепото убиство на митрополитот Борис Неврокопски. За годишнината на својата Фејсбук страница нѐ потсетува Никола Григоров, бугарски издавач и патриот, пишува Фактор.бг.
Роден со светското име Вангел Симов Разумов на 26 октомври 1888 година во битолското село Ѓавато (Отоманска империја), митрополитот Борис останал сирак откако татко му загинал како комита во 1903 година.
По завршувањето на третото одделение на Одринската гимназија, на 10 јули 1910 година во Цариградскиот соборен храм „Свети Стефан“, митрополитот Иларион Неврокопски го замонашил под името Борис и го ракоположил во чин јероѓакон.
Откако добил високо богословско образование, Борис, покрај родниот бугарски, зборувал и црковнословенски, руски, грчки, германски, француски, италијански, англиски, турски, романски и унгарски јазици.
Посветен на службата на Бога и на христијанската заедница во Бугарија и во странство, на 17 февруари 1935 година, епископот Борис е избран за митрополит на Неврокоп, а канонски е потврден на 24 февруари истата година.
По државниот удар на 9 септември, митрополитот Борис водел непопустлива борба против атеистичката комунистичка идеологија, поради што бил прогласен за „непријател број 1 на народната власт. И покрај тоа што бил подложен на постојано ментално малтретирање и закани за физичко насилство, тој продолжил неуморно да се бори против фарисеите и атеистите.
На 8 ноември 1948 година, по отслужувањето на света литургија за осветување на црквата „Свети Димитар“ во село Коларово, митрополитот Борис е убиен од расчинетиот свештеник Илија Стаменов од селото Х’рсово, кој бил инструмент на руските болшевици. во Бугарија.
Во материалот на Фактор пишува уште дека митрополитот Борис Неврокопски бил убиен, затоа што бил бугарски патриот, затоа што бил против српско-руската лага македонизмот и предавството на Георги Димитров во однос на насилната македонизација на бугарското население во Пиринска Македонија и затоа што на мирјаните во црквата им се обраќал со Бугари и Бугарки.