| |

Бугарија жали за жртвите во селото Ројак и загинатите во трагедијата на автопатот „Струма“

Денеска во Бугарија е Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот во домот за стари лица во село Ројак и на настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“.

Во спомен на загинатите денеска државните знамиња пред сите државни институции во Бугарија се спуштени на половина. Владата изразува сочувство до роднините на жртвите.

БГНЕС потсетува дека во пожар во дом за стари лица на 22 ноември вечерта во варнеското село Ројак загинаа 9 лица. Десетици жртви, граѓани на РС Македонија зеде автобуската несреќа на автопатот „Струма“ што се случи вчера на 23 ноември во ранните утрински часови.

Слични Објави