Ташев: Под изговорот „борба против руското влијание“ се подготвува чистка на Бугари на државни позиции во РС Македонија, кои го поддржуваат ветото
Само неколку часа откако се појави мојот напис во весникот „Труд“ „Додека Скопје не се реформира, ветото мора да остане“, ми се јавија неколку пријатели од Северна Македонија. Според нивните информации, под изговор „борба против руското влијание“, се подготвува чистка на сите Бугари во Северна Македонија, кои се на државна работа и го поддржуваат бугарското вето. Ова преку социјалната мрежа Facebook го соопшти доц. д-р Спас Ташев од БАН.
Според Ташев овој удар се поклопува со „прилично површната позиција на бугарскиот премиер дека со своето вето Бугарија им служела на руските интереси“.
„На овој начин, со помош на бугарската влада, им се нанесува уште еден удар на Бугарите во Македонија, што во суштина е директно служење на интересите на Белград и Москва, чија основна цел е да не останат Бугари крај Вардарот. Во овој поглед, Белград и Москва се неколку чекори понапред и навистина размислуваат „мултиперспективно“, вели Ташев.
Ташев додава дека ова што се случува сега потсетува на настаните од 1920 и 1944 година, кога бугарските управувачи му задале сериозни удари на ослободителното движење на македонските Бугари и почнале отворено да ги поддржуваат српските барања за Македонија.