Касами обезбеди втор мандат во Тетово
Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Биљал Касами, повторно е избран за градоначалник на Тетово. Според првичните резултати, Касами освои околу 5.000 гласови повеќе од својот противкандидат Бајрам Реџепи.
Шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ, Бесар Дурмиши, изјави дека победата е резултат на посветената работа на Касами во изминатите четири години и на довербата што граѓаните му ја укажале за да ги продолжи започнатите проекти.
„Граѓаните го кажаа своето мислење и став преку гласање. Во Тетово успеавме со пет илјади гласови повеќе од противкандидатот на Биљал Касами. Победивме во повеќето населби — Миѓени, Центар, Голема и Мала Речица, Џепчиште, Порој, Фалише, Тетекс 1 и 2, како и во селата Вешала, Бродец, Лисец и Лавце,“ изјави Дурмиши.
Тој најави дека во вториот мандат Касами ќе продолжи да работи со истата енергија и посветеност како и досега.
„Ќе работиме во секое место, без разлика на политичката определба на граѓаните. Тетово ќе се развива и ќе оди напред,“ порача Дурмиши од штабот на коалицијата ВРЕДИ.
