|

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг од локалните избори.

„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три — тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови,“ изјави Филипче.

Тој им упати честитка до сите градоначалници, без разлика на политичката припадност, за, како што рече, успешно спроведени избори.

Лидерот на СДСМ посочи дека во изминатите две недели, пред вториот круг, се вршел огромен притисок врз кандидатите на партијата во сите 17 општини каде што учествувале во изборната трка.

„Не се бираа ниту средства, ниту методи. Тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека овие избори се јасен сигнал за промените што треба да се направат во рамките на СДСМ.

„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ — јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи,“ порача претседателот на СДСМ.



Слични Објави