ЗНАМ слави во Куманово: Димитриевски прогласи победа
Кандидатот на движењето ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вечерва прогласи победа на локалните избори.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово,“ изјави Димитриевски по објавата на првичните резултати.
Тој се заблагодари на сите граѓани за поддршката и информираше дека ја примил честитката од својот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност — пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна, со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа,“ изјави Димитриевски.
Во вториот круг на изборите, негов противкандидат беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.

