АТИНА ДАВАЛА ПАРИ НА МАКЕДОНСКИ И АЛБАНСКИ МЕДИУМИ ЗА ДА ШИРАТ ПОЗИТИВНИ ВЕСТИ ЗА ГРЦИЈА
Грчкиот сајт iefimerida.gr објавува информација од таен владин извештај според која, грчката Влада потрошила 1 милион евра за три основни намени, а имено, биле обезбедени средства за медиуми во Македонија и Албанија, кои за возврат требало да шират позитивни вести за Грција. Третиот столб од парите биле потрошени за помагање на православието. Токму скандалот околу начинот на трошење на тајните фондови на Министерството за надворешни работи, стана причина за оставката на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

