| |

ХАН И РИКЕР ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ ЗА ДА ГИ „СМИРУВААТ“ ЗАЕВ И МИЦКОСКИ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на
средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според официјалната агенда, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен да биде одрен датум за почеток на пристапните преговори. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Задутре во посета на земјава треба да пристигне и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и поранешен амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер.
Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници.

Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на СевернаМакедонија кон членство во НАТО и ЕУ. Рикер, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.

Слични Објави