„Бугарска сабота“ ќе биде организирана во Лајпциг
На 3. мај во Лајпциг (на адреса Lindenauer Markt 13) ќе се одржи „Бугарска сабота“, организирана од Бугарското културно здружение „Пенчо Славejков“, јавува БНР.
Организаторите ја објавија програмата за настанот:
10:30 ч. – Работилница за деца, каде малите ќе се запознаат со бугарски обичаи, ќе ги усовршат своите вештини за разбирање и зборување на бугарски јазик, а потоа ќе можат да пробаат да играат бугарски народни ора.
16:30 ч. – Собир на Дамскиот клуб „Бугарките во Лајпциг“.
Организаторите ги поканија сите заинтересирани на својата Фејсбук страница со зборовите:
„Дојдете на нашиот специјален ден, исполнет со бугарски дух и традиции!“
Бугарското културно здружение „Пенчо Славejков“ е официјално основано на 20.11.2023 година со цел да ја зачува и популаризира бугарската традиција, култура, уметност и образование во Германија.
