Млад научник од Благоевград создал робот
Во моментов Петко Стоев е докторанд на одделот „Сајбер-физички системи“ на Институтот за информатички и комуникациски технологии – БАН. Победник е на натпреварот „Претприемач во науката“. Жирито одлучи со наградата од 30 000 лева да го поддржи неговиот проект за робот за рехабилитација – медицински систем за закрепнување на пациенти по мозочен удар и тешки повреди на горните екстремитети.
Разработката е прототип на робот од типот егзоскелет кој обезбедува рехабилитација на пациенти и значително олеснување на пациентите и медицинските експерти во процесот на закрепнување по мозочен удар или несреќи. Роботот ќе се базира на принципот на телемедицина. Автономно ќе ги извршува процесите на рехабилитација откако медицинско лице ќе му ги додели параметрите за далечинско управување. Ќе се развие и апликација за далечинско управување.
Името на роботот ќе биде Re4Life. Ќе се нуди во болници, центри за рехабилитација и терапија кои ќе го изнајмуваат апаратот за закрепнување на пациентите во домашни услови.
На пазарот нема робот кој овозможува целосна рехабилитација во домашни услови. Ние го нудиме тоа решение. Станува збор за досега нереализирана иновација која дава можност за целосно рехабилитирање во домашни услови целосно автономно, базирана на телемедицина“, изјави програмерот Петко Стоев.
Петко Стоев го создава роботот за рехабилитација со голем тим кој вклучува луѓе со различни вештини и искуство, од кои некои работат во странство. Со нив тој има намера да основа компанија со исто име Re4Life.
Петко уште од мал сонувал да стане инженер по роботика и да се реализира во научните кругови. „Секогаш ги следам своите цели, доведувајќи ги до позитивен резултат. Верувам во мојот сон и мојот пат“, вака се претставува младиот пронаоѓач за karollknowledge.bg. „Мојата бизнис идеја е создавање на високотехнолошки производ – робот од типот на егзоскелет кој дава можност за рехабилитација на пациенти во домашни услови, што значително ќе им олесни на пациентите и медицинските експерти во процесот на закрепнување по мозочен удар или несреќи кои ги зафатиле горните екстремитети“, рече Петко Стоев.
