МНР на Бугарија со реакција за приведувањето на бугарските активисти во Србија
На 13 март, на барање на бугарската страна, беше остварен телефонски разговор помеѓу Славена Гергова, генерален директор за „Европски прашања“ во Министерството за надворешни работи, со амбасадорот на Србија во Бугарија, г. Желко Јовиќ, соопштува МНР на Бугарија за БГНЕС.
Повод за разговорот е привременото задржување од страна на органите на прогонот на двајца активисти на бугарското национално малцинство во Босилеград, Србија, на 11.03.2023 година. Бугарската страна побара официјална информација за тоа што се случило и што фрла сенка на посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Босилеград. Тоа беше прва посета по 97 години од страна на шеф на српска држава на градот, каде што живее голем дел од бугарското национално малцинство во Србија.
Мора да се разјаснат причините за приведувањето на двајцата активисти на бугарското национално малцинство, кои се борат за подобрување на условите за живот во Босилеград. Важно е да се земе предвид негативната реакција предизвикана во Бугарија. Почитувањето на човековите права и особено обезбедувањето слобода на изразување се клучни услови во процесот на европска интеграција.
Уште во саботата, 11.03.2023 година, конзулот на Бугарија во Ниш Илија Бонџолов разговарал во однос ова прашање со полициската управа во Босилеград, јавува МНР.
