Одбележуваме 96 години од смртта на Ипократ Развигоров и Илија Лилинков
После 20 часовна битка, на 10-ти октомври 1927 г., обкружен од српски чети се самоубива ИПОКРАТ РАЗВИГОРОВ (заедно со Илија Лилинков), внук на прославениот војвода Мише Развигоров (близок соработник на Гоце Делчев), истакнат деец и револуционер на ВМРО.
Ипократ Развигоров е роден во 1900 г. во Штип во семејството на бугарскиот учител Томе Развигоров. После завршувањето на основното образование работи како бакалин и фурнаџија во родниот град. Во 1922 г. преминува во нелегалност и учествува во редица акции на организацијата. До 1925 г. е учесник во четите на Григор Хаџикимов и Панчо Михајлов во Кочанско. За време на Горноџумајските пресметки заедно со Христо Балвански, внук на Иван Брлjо, ги обезбедува Петар Шанданов, Панчо Михајлов, Јордан Ѓурков и е личен телохранител на Иван Михајлов. Во 1925 г. извршува обид за атентат врз комунистичкот пратеник Харалампи Стојанов.
Во 1927 г. тројка на ВМРО, во која освен Ипократ Развигоров влегуваат и Илија Лилинков и Благој Кралев од Куманово спроведуваат казнена акција на ВМРО против српскиот сатрап, генерал Михајло Ковачевиќ, раководител на злосторничката банда УДРУЖЕЊЕ ПРОТИВ БУГАРСКИХ БАНДИТА. Развигоров, Лилинков и Кралев го убиваат српскиот генерал на 5-ти октомври во центарот на Штип.
Го напуштаат градот, на 8-ти октомври Кралев е фатен, а на 9-ти октомври Развигоров и Лилинков се откриени од српските чети во пештера во планината Плачковица. Откако им привршуваат куршумите, после нерамномерната борба со многубројниот непријател, Развигоров и Лилинков се самоубиваат.
Атантатот против генерал Ковачевиќ предизвикува несигурност и дури паника меѓу српските управници, не само во Македонија. Тоа е и повод за големи репресии – убиства, апсења, тепања и судски нарачани процеси. Непосредно после атентатот се мачени и убиени браќата на Ипократ Развигоров, таткото на Илија Лилинков, членови на семејството на Иван Михајлов и други.
ПОКЛОН ПРЕД ХЕРОИТЕ!