Се боревме до крај!
Пишува: Едуард Генов, написот е објавен во весникот „Нова борба“ број мај-јуни 1992 г.*
Затворот во Пазарџик беше одреден како политичка гилотина во земјата. Таму умреа мажи со кои секоја земја можеше да се гордее. Борис Арсов, водачот на „Армијата на отпишаните“, киднапиран во Данска, прогласен за луд и задавен во казнените ќелии, а таму почина и Георги Заркин, поет и револуционер, основач на Младинскиот национален сојуз.
Петко Чобанов, водачот на бунтот во 1969 година, Димитар Влајчев и Невзат загинаа во затворот во Стара Загора при обид за бегство во 1972 година. Имаше и случаи на самозапалување и самоубиства во знак на протест против комунизмот.
Да, имаше отпор. Во 1977 година, тие ги донесоа во затвор заговорниците од Варна – група млади луѓе кои служеа во морнарицата и кои имаа создадена група за борба против комунизмот. Во 1975 година во затвор се најдоа и пет момчиња од Хасково, кои излегле со оружје во балканот.
Во 1969 година се случи заговорот во Нови Кричим, беа разнесени споменици…
А имаше и Турци. Тие се бореа рамо до рамо со нас, ги делевме и лебот и маките. Затоа ме боли кога слушам како комунистичките провокатори од двете страни се обидуваат да направат јаз меѓу Бугарите и Турците.
Првиот човек што дојде да ме види кога бев интерниран беше Орхан. Со години бевме во иста ќелија. „Капланолу, како ќе те оставам тебе побратиме во неволја? Еве ме, кажи!“
Бај Нури – духовниот водач на Турците во затворот, човек со огромно срце, мелем за болката и на Бугарите и на Турците. „Бај Нури, сите твои луѓе се со мене“. „Зошто ми го кажуваш тоа Еди, каде на друго место да бидат?
Братот на „Малиот Халил“, кога го вклучив во групата и му објаснив дека е опасно: „Јас сум стаклар, аркадаш, 15 години работам, но сепак понекогаш се сечам. Што е опасно? Ти си напред, за тебе не е ли опасно? Брат ми ми рече да те слушам“. Како браќа сме биле во затворот.
Да, имам убави спомени од сите во затвор. А признанието? Че кој од нас лежел за да добие признание? Таков член во законот нема!
* Едуард Генов е познат бугарски антикомунист, издржувал затворски казни заради својата работа и активна позиција против комунистичкиот режим во Бугарија.