ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНИТЕ НА КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ИЛИ ПОЧЕТОК НА СЛЕДНИОТ
Вакцините ќе пристигнат на крајот на месецов или почеток на следниот, рече министерот Венко Филипче кој очекува да профункционира Ковакс системот, од каде земјава очекува околу 100.000 вакцини.
Филипче изјави дека со тие вакцини кои ги имаме успешно тече процесот на вакцинација на здравствените работници, досега се вакцинирани 5.300 здравствени работници заклучно со вчера и тоа е битно бидејќи е сега голем ризикот, па тие треба да се заштитат.
– За набавките, тоа што најмногу се очекува, со оглед на промените и информациите од добавувачите, овој процес може временски да се одолговлечи, но до крај овој месец и следниот очекуваме да профункционира КОВАКС системот, очекуваме околу 100.000 вакцини“, рече Филипче.
Тој вели дека информациите од вчера се дека Фајзер го подига нивото на внимателност со сите земји со кои преговара и ќе бара од сите земји посериозни критериуми за безбедност.
– Денес ќе го добиеме тој документ. И тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите од овој договор, рече Филипче
Додаде дека побарувачката ја надминува понудата.
– Ние пристапивме сериозно, но има голем притисок врз производителите, и дури каде што има директни договори, се доцни со испораката, нема друга причина, тоа е причина зошто се доцни, правиме се што е во наша моќ. Откако ќе се набават брзо и ефикасно ќе ја спроведеме вакцинацијата, дотогаш граѓаните да ги почитуваат сите мерки, изјави Филипче
За несаканите ефекти на АстраЗенека , рече дека буквално сите вакцини што ќе влезат во земјава ќе бидат безбедни за граѓаните, и дека експертскиот тим тоа го следи.