|

Итно обраќање на израелската армија: Подготвени сме

Израелската армија излезе со итно соопштение. Тие велат дека се подготвени да се справат со иранските беспилотни летала веднаш штом пристигнат.

Иран го нападна Израел со лансирање на десетици беспилотни летала, а се проценува дека ќе им требаат неколку часа за да го поминат растојанието и да стигнат до целите.

Ирански напад врз Израел се очекува веќе неколку дена, откако Израелците го погодија иранскиот конзулат во Сирија.

Израелските власти претходно изјавија дека се подготвени да се одбранат и дека очекуваат ирански напад. Во таа насока, тие забранија собири низ целата земја..

Слични Објави