| |

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР СО ПОЗИТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, на својот Фејсбук профил информираше дека неговиот резултат од тестот за корона вирус е позитивен, јавува Цивилмедија.

Ганиу искажа жалење за оние со кои имал контакт изминатите денови и апелираше за внимание, и граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки и препораките. „Почитувани граѓани, по извршениот тест вчера за COVID-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Од оваа положба уште еднаш ви апелирам и молам за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова“, напиша Ганиу.



Слични Објави