МЗ ВЕЛМЕЈ: ПУШТАЈТЕ ПОМОШ СЕ ЗАПАЛИВМЕ!

МЗ Велмеј и мештаните очајно бараат помош. Огнот на чекор од нивните куќи. Утрово по низата апели и притисоци се гаснеше неколку саати од воздух, но веќе одамна ситуацијата е излезена од контрола. Во моментов канадерите се повлечени, а огнот е 100 тина метри од првите куќи и викендички, јавува Скопје1.

Жителите панично бараат помош. Велат не се диши од чад. Не сме спиеле три дена откако избувна пожарот, се организиравме да гасниме, но сами не можеме да го сопреме огнот. Тие се крајно разочарани од дирекцијата за заштита и спасување кои како што велат дозволија ситуацијата да излези од контрола.

„Не ни креваа ни телефон, не камоли да ни помогнат. Како може државара за едни да биде мајка, за други макеа“, велат од МЗ на Велмеј.