Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли одново сомнежите околу нејзината здравствена состојба, потенцирајќи дека без оглед на нападите на тресење, може да ја извршува канцеларската функција, јавува DW на македонски јазик.
„Имам разбирање за прашањата во врска со моето здравје и на нив веќе дадов одговор“, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на годишната летна прес-конференција во Берлин.
Канцеларката, која оваа недела наполни 65 години, додаде дека кај неа постои и личен интерес за нејзиното здравје.