|

„ЕКО ГЕРИЛА“ БАРААТ ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ТЕУТА АРИФИ

Невладината организација „Еко-герила“ денеска на прес-конференција побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на Општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми, пред се од аспект на животната средина. Како што истакна Арианит Џафери од оваа невладина организација Арифи во вториот мандат не успеала да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред.

„Иако парковите и зелените површини се во сопственост на сите граѓани, тие се бетонираат, а општината молчи и не презема да се спречи тоа. Градот е претворен во урбана пропаст, преовладува сообраќаен хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќе делопви од градот, недостаток на паркинг и јавен превоз“, вели уште Џафери.



Слични Објави