ЏАБИР ДЕРАЛА ЗА МРСНИТЕ БОМБИ НА ЕЛ ЧЕКА
„Сигурно и Груевски, додека мази нечие колено, машко или женско, сеедно, и пие скап коктел од нашите пари, се кикоти додека ги чита транскриптите од оваа онлајн „вендета“ на Ел Чека. Можеби деновиве ќе слушнеме и како разговара со Ахмети во стилот „Али, брат, како си? Гледаш сеа како ми беше мене у 2015-та? Оној Зоки ептен те штедеше… Ја, арен, еве. У пензија, пишуем статуси по Фејсбук, хахаха“, а Али само воздивнува и му одговара уште побавно од вообичаено, со скршен глас: „А бе, брат (со меко „р“), чивша ноне е овој Фејсбук“… стои во колумната на новинарот и прв човек на невладината организација Цивил, Џабир Дерала. Целата колумна прочитајте ја на www.civilmedia.mk
