(Видео) Ноев: Неосновани се надежите на некои македонски политичари дека ќе има ревизија на позициите на ЕУ
Русија директно спроведува терористички операции на бугарска територија. Ова за БНР го изјави Бојко Ноев, поранешен министер за одбрана на Бугарија и дипломат.
„Тоа е докажано дури и во некои истраги на бугарското обвинителство, кои не се завршени долги години. Во Бугарија ова е тема која не е популарна. За жал, не е популарна ниту кај бугарскиот парламент. Проблемите на Бугарија не се поврзани само со пропаганда и дезинформации“. Во обвинителството е навлезено руско влијание, вели Ноев во програмата „Недела 150“.
„Оваа тема сѐ повеќе ќе излегува на површина во политичката дебата во Бугарија“, додава Ноев.
Белгија, која моментално претседава со ЕУ, пред неколку месеци започна истрага за можно руско мешање во претстојните избори за Европскиот парламент. На последната средба на пратениците во Стразбур беше усвоена и резолуција во која се споменува и Бугарија.
„Заканата од Русија кон Бугарија сега е директна. Прогласени сме за непријателска држава. Врз Бугарија се врши пропаганден и информативен притисок, а исто така и директен – преку дејствување на руските оперативни групи кои организираат експлозии, троват луѓе итн.Тоа трае повеќе од десет години“, вели Ноев.
Ноев истакна дека меѓу авторите на резолуцијата има и бугарски европратеник.
„Би ја забележал улогата на Андреј Ковачев, тој е многу активен и за прашањата за односите меѓу Бугарија и РСМ. Во резолуцијата донекаде периферно се споменува Бугарија. Истата може да се окарактеризира како добар прв чекор“, додава Ноев.
Во РСМ се очекува да дојдат на власт антибугарски кругови, предупредува Ноев.
„Согласно македонскиот уставен систем, правата на граѓаните се колективни, доколку не сте дел од етникум кој е признат во Уставот, немате право да имате квота за учество во државната власт, армијата, полицијата и образовните институции во моментов е забрането да се нарекувате Бугарин. .
Неосновани се надежите на некои македонски политичари дека ќе има ревизија на позициите на ЕУ, вели Ноев, додавајќи дека Бугарија „ќе мора да размислува за своите следни чекори“.