| |

Бугарите во земјите кои не се членки на ЕУ ќе гласаат само за избор на пратеници во бугарскиот парламент

Бугарските државјани, кои живеат во земји дел од ЕУ ќе можат да гласаат за кандидати и за бугарскиот и за Европскиот парламент, додека оние кои живеат во земји надвор од ЕУ ќе избираат само пратеници за бугарското Народно собрание и на избирачките места ќе има машини со електронски ливчиња, како и хартиени ливчиња само за Националното собрание, изјави за БНР претседателката на бугарската Централна изборна комисија Камелија Нејкова.

На 9 јуни годинава Бугарите истовремено ќе избираат свои претставници во националниот и европскиот парламент.

„Во секциите во нашите дипломатски претставништва и конзулати во земјите надвор од Европската унија, ќе може да се гласа за Националното собрание и за Европскиот парламент, доколку гласачот има моментална адреса во ЕУ од 9 март“, прецизира Камелија. Нејкова.



Слични Објави