БАТЕ БОЈКО УСПЕА ДА СТИГНЕ ДО 500 ЕВРА ПЛАТА

Вести Истакнато Македонија

Според податоците на бугарскиот Национален статистички институт вкупниот просечен приход на глава по жител во Бугарија за второто тромесечје на 2018 г. изнесува 1474 лева (753 евра). За споредба со истиот период на 2017 г. се набљудува раст од 8, 7 %. Основниот дел во покачувањето на вкупниот приход го имаат платите и пензиите. Во статистичкиот податок се вклучени исто така и примањата на основ авторски договори (хонорари).

Во истиот период коефициентот на невработеност изнесува 5, 5 проценти, а се набљудува благ пад, што изнесува 0, 8 % во однос на статистичките податоци за 2017 година (второ тромесечје). Според податоците на НСИ, 72% од активното население (20-64 г.) се наоѓа во работен однос, додека 28 % се водат економски пасивни лица.

Нивото на инфлација изнесува 3,2 %, а тоа е и највисокиот измерен коефициент во последните 5 години.

Економскиот раст за периодот од првото тромесечје на 2018 г. изнесува 3,6 проценти.

Потсетуваме дека во 1997 г. Бугарија банкротираше, а инфлацијата достигна рекордни нивоа. Тогашната влада предводена од социјалистот Жан Виденов ја напушти власта по неколку месечни протести. За 20 години нашиот источен сосед достигна до овие економски бројки, што ќе се случува во наредните 20 г. можеме само да претпоставуваме.

Овие податоци секако не покажуваат некакво економско чудо во соседна Бугарија (член на НАТО и ЕУ), но се добра причина да го поставиме прашањето: „Ако овие бројки се однесуваа на Македонија, дали ќе живеевме подобро?“. Секој сам нека си ги направи заклучоците.