БИВШ ГЕРМАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ЌЕ ИГРА ВО ЧЕТВРТА ЛИГА СО ПЛАТА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА?!

Се сеќавате на Холгер Бадштубер, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, петкратен германски првак и бивш германски репрезентативец?

Бадштубер беше дел од Штутгарт каде игра најмладиот македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но германскиот дефанзивец немаше многу среќа со повредите, кои практично му ја упропастија кариерата во најдобрите години.

И сега во Штутгарт е прекуброен, па во новата сезона ќе игра за Б-тимот во – регионалната четврта лига. И не би било ова ништо ни важно, ни интересно, ако не е висината на платата на Бадштубер. Овој фудбалер прифатил да игра во четвртиот ранг, ама ја задржал платата од 2,5 милиони евра.

Ако ништо друго, финансиски ќе биде задоволен, а веројатно станува и – најскапо платениот играч во четврта лига во која било земја на светот.

Извор: Спорт1