| |

Во градот Монца е поставен првиот барелеф на Васил Левски во Италија

Во италијанскиот град Монца, беше поставен барелеф на Апостолот на бугарската слобода Васил Левски. Иницијативата е на Генералното конзулство на Бугарија во Милано и на генералниот конзул Ана Паскалева, во соработка со општина Карлово, која го финансира проектот.

Барелефот е поставен на историскиот плоштад „Сан Паоло“ и претставува прв споменик на Левски на територијата на Италија. Автор на делото е скулпторот Борис Борисов, познат по бројни статуи на истакнати бугарски личности ширум земјата, меѓу кои и на самиот Васил Левски.

Официјалната церемонија вклучи институционални обраќања и полагање венец пред барелефот од името на Генералното конзулство. Благослов даде отец Васил Василев, а настанот заврши со рецитал на поетски дела посветени на Васил Левски.

Изборот Монца — град светски познат по својата Формула 1 писта — не е случаен. Тој е центар на втората по големина провинција во Ломбардија по бројност на бугарски државјани.

Во соопштението на дипломатската мисија се истакнува дека Монца е еден од главните административни центри во регионот со значајна бугарска заедница. Затоа барелефот не само што ќе ја потсетува јавноста на историската улога на Левски, туку ќе служи и како симбол на културните врски меѓу Италија и Бугарија и на повеќе од 145 години дипломатски односи меѓу двете земји.



Слични Објави