| | |

(Видео) Зградата на бугарскиот парламент осветена во сино по повод годишнината од Конвенцијата за правата на децата

Историската зграда на бугарскиот парламент беше осветена во сина боја на 20 ноември, денот кога се одбележува годишнината од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на децата, јавува БГНЕС.

Овој симболичен гест е реализиран по иницијатива на Државната агенција за заштита на детето, како дел од втората Национална кампања против насилството врз и меѓу децата под мотото „Биди храбар, биди добар“.

Кампањата има за цел да го поттикне јавниот дијалог за заштита на најмладите и да ја засили свеста за потребата од спречување на насилството во сите негови форми.

Слични Објави