| |

ВЛАДАТА ГИ ПОНИШТИ РАСПОРЕДУВАЊАТА ВО МВР ОД МИНИСТЕРОТ ЧУЛЕВ

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување на решенијата за распоредување на работно место, донесени од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Поништени се решенијата со кои беа распределени:

Петар Ѓорѓиевски на работното место началник на Одделението за дизајнирање на наставни програми, Центар за обука, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи,

Џелал Топалоски на работното место полициски советник за СВР, во Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет – БЈБ,

Зоран Дуровски на работното место началник на Одделение за полиција, СВР Битола – БЈБ,

Горан Митев на работното место началник на Одделение за криптозаштита, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи.

Владимир Велковски на работното место самостоен советник за меѓународна соработка во Кабинетот на министерот при Министерството за внатрешни работи.

На оваа седница Владата донесе одлука за поништување на решенијата за кадровски промени и овластувања на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи донесени на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување.

Извор: Макфакс

Слични Објави