| |

Фестивалот „Здравеј“ обединува играорци со потекло од Бугарија РС Македонија, Украина и Србија во Аделаида

Бугарското културно и образовно друштво во Аделаида Австралија го организира седмото издание на фестивалот „Здравеј“. Во фестивалот ќе се вклучат осум формации кои изведуваат не само бугарски, туку и балкански и украински фолклор, јавува БНР.

Први на сцената ќе излезат домаќините од бугарската фолклорна група „Китка“ од Аделаида, бугарската играорна група „Здравец“ од Бризбејн и фолклорната група „Бугари“ од Мелбурн. .

На програмата се фолклорната група „Душа Балкана“, македонската играорна група „Слобода“, српската играорна група „Опланец“, украинската играорна група „Слава“. Со заедничко оро ќе настапат две бугарски формации – „Бугари“ и „Здравец“.

Финалето им беше доделено на музичарите на Балкан Буги Бенд.

„Фестивалот има фолклорен карактер и има за цел преку песни, ора, занаети и традиционални јадења да ја обедини бугарската заедница што живее на австралискиот континент“, велат организаторите.



Слични Објави