ЗАЕВ: НА ВАШИТЕ УНИФОРМИ СТОИ НАЈВРЕДНИОТ ОРДЕН-ПОКАНАТА ЗА НАТО

Вести Истакнато Македонија

Драги припадници на Армијата на Република Македонија,

Браво: за вашите успеси низ годините, за достоинственото претставување на Македонија во мировните мисии и светот, за врвната професионалност.

Годинава на вашите униформи стои највредниот орден, со којшто нѐ направивте горди сите нас во Македонија. Тоа е поканата за отворање пристапни преговори за членство во НАТО. Влегуваме во НАТО како рамноправна 30-та земја членка на Алијансата!

НАТО е сигурност и безбедност за една држава и нејзините граѓани, но НАТО е и повисок животен стандард, инвестиции, нови работни места, повисоки плати, современо здравство и квалитетно образование. Вие, кои со години стоите рамо до рамо со вашите колеги од НАТО, најдобро знаете што значи да сме под нивна закрила.

Оддавам почит и признание за сиот ваш труд, трпение, непреспиени ноќи и пред сѐ, надеж и верба – дека еден ден Република Македонија ќе ја биде. Благодарам што овозможувате на граѓаните и на Македонија да продолжат напред.

Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Македонија, се вели во честитката на премиерот Заев по повод 18 август-Денот на Армијата на Република Македонија.