СДСМ: ОД ВМРО ДПМНЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЈА ЖРТВУВААТ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Вести Македонија

Референдумот на којшто граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на државата е пред нас. Прогресивните сили, прогресивните демократски партии, граѓаните, граѓанските организации, сите се обединети за светла иднина, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, за напредок. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат јасен став, не се изјасниле за што се. СДСМ е јасно определен за европска иднина на Македонија, како членка на ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека се подготвени да ја жртвуваат иднината само за амнестија на Никола Груевски и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Останува да изберат и да соопштат за што се. Изборот е светла иднина или темно минато. Изборот е напредок, членство во НАТО и ЕУ или уназадување, криминал, изолација, враќање назад. Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет. Да за македонската иднина, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.