Комеморацијата за легендата Димитар Пенев на 5 јануари на Националниот стадион „Васил Левски“ во Софија
Комеморацијата за најуспешниот бугарски фудбалски тренер, легендарниот Димитар Пенев ќе се одржи на 5 јануари (понеделник) од 10:00 часот на Национален стадион Васил Левски, соопштија од официјалната Фејсбук-страница на ЦСКА.
Синоќа по 20:00 часот, пред централниот влез на стадионот на ЦСКА „Бугарска армија“ беше уредено комеморативно катче во чест на Димитар Пенев, каде што секој граѓанин можеше да му оддаде почит со цвеќе, да запали свеќа или да остави предмет за спомен.
Потсетуваме дека Димитар Пенев, една од најголемите фудбалски легенди на Бугарија, почина вчера (03.01.2026 г.) на 80-годишна возраст.
Пенев беше прв човек на репрезентацијата на Бугарија, која го освои четвртото место на Светското првенство во Соединетите Американски Држави во 1994 г.
Во својата кариера, тој играше за ЦСКА Софија 13 години со 329 натпревари и 24 гола, а со репрезентацијата настапи на 90 натпревари, од кои три пати на светските првенства – во 1966, 1970 и 1974 година.

