СТОЛТЕНБЕРГ НА СРЕДБИ СО МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја почна денешната серија разговори со македонскиот државен врв. Првиот човек на Алијансата покрај со Иванов, треба да има средби и со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници. Столтенберг во Собранието ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.

