| |

МУ ГО ДРЖЕВТЕ НА ЉУБЧО, МУ ГО ДРЖЕВТЕ НА ГРУЈО, СЕГА МУ ГО ДРЖИТЕ И НА МИЦКО

Ало „мажи“ подржикобуровци од „белата шампита“ дали се слушаме? Како иде бизнисот, оти за вас нели „све е бизнис“, и нема ништо лично кога за да се покажете пред Вашиот лидер сте подготвени на еден куп „машки“ активности: од лепење плакати до праќање на закани во приватни соопштенија на социјалните мрежи.

Како ви е сега? Сè чувствувате ли како Тодор Александров? Тој цело време бил во опозиција. Слушам дека не го вадите од уста, иако е срамно дури и да помислите дека во некаква микронска смисла личите на него или да не дава Господ сте негови „горди наследници“. Што ве поврзува со него? Идеологијата? Ајде ви се молам, па вие ни за два животи поминати во пост и молитви не можете да се доближите до неговата идеологија. Самиот факт што во ова обраќање кон вас, го спомнувам и овој голем револуционер е огромен и незаслужен комплимент за вас.

Раскажете ми за некој ваш подвиг копуци налигавени!!! Исправивте некоја неправдина? Направивте некоја добрина за сите? Се побунивте против нешто? Јас не ве знам како такви, жалам.

Јас знам дека цел живот се криете позади вашиот лидер, без разлика како ќе се вика тој и позади името на организацијата. Тоа е така бидејќи без неа, вие сте никои и ништо. Тотални анонимуси кои завидуваат на оние кои мислат со своја глава и сами се обидуваат да постигнат нешто. Вие сте алергични на тоа. Но најстрашното од се е фактот што прекрасно ја знаете вистината и за револуционерите со чии ликови се китите. Знаете дека истите биле Бугари, но вашиот конформизам и страв се преголеми за да го кажете тоа јавно. Научени сте да се снаоѓате според ситуацијата и без капка срам сопствената неважност ја шминкате со „херојски“ митови, во кои немате никакво учество. Вие сте паразити и соучесници во целото ова лудило што и се случува на Македонија.

Соучесници сте во историскиот грабеж на Македонија. Соучесници, кои единствено и само поради својата небитност, можат да извлечат жива глава и да се спасат од заслужената казна. Тие сендвичите со растителен кашкавал и салама за кучиња чувани од сиромашни газди, што ги јадевте по митинзите „спонтани“ и организирани, исто така се украдени. Сетете се на нив и погледнете ги скапите теписи што ги газите кога идете на „љубим руку“ во вашето бело зградуриште. Евтини кашкавали и салами наспроти скапи килими.Некои од вас можеби пробале од оние коњски шњицли, ама никој не се пофали кога грмна гастрономскиот скандал. Ќутевте ко покакани, а демек сте влезени во комитски филм.

Ќе ви кажам зашто не сте никакви комити. Прво глава давам, ако некој од вас конформистички кремчиња некогаш јадел ќотек за да одбрани некој послаб од него. Второ вашиот „комитлук“ не верувам дека видел поголем напор од оној да се направат 2 кругчиња од дим додека пушите во вашите дувла. Трето, ако некој отепа врапче со воздушна пушка пред вас, многу веројатно е да изгубите свест и потоа со месеци да се мачат докторите да ве вратат во нормала.

Соберете се еден ден, удрете една пресметка и ќе видите дека сум во право. Ако резултатот што ќе го добиете на крај не ви се допадне, тогаш има надеш за вас. Можеби ќе престанете да се однесувате како подржикобуровци, и ќе почнете да личите на вистински мажи.

Јас си земав за право да ви се обратам, не поради тоа што сум влезен во филм „Владо Черноземски“, напротив, јас не летам во воздух и цврсто чекорам по земјата. Родител сум и секој ден се борам за иднината на моите деца. Чесно. Нешто со што вие самопрогласени комити не можете да се пофалите.  Немам проблем да се погледнам во огледало и што е најважно немам потреба да глумам нешто што не сум, за да добијам политички поени или млитав авторитет. Животот ме научил да се исправам откако ќе паднам, а вие се плашите дури да помислите за момент да ги напуштите вашите смешни зони на конфор. Јас не сум фактор во вашите животи, немам ни морков ни стап, ама како што ве набљудувам веќе 20-тина години и вие како да немате стапови.

Автор: Тој Бугаринот

Слични Објави