КИЛО „БЕЛО“ И „НЕИЗБРИЧЕНИ“ БИЛЕТЧИЊА

Голема „беља“ им направи на „вмровските“ портали Иле, со неговиот твит за 1300 кила „бело“, фатени од МВР во Крушопек, синоќа, па мораше денеска Наќе да се објаснува дека е фатено само кило „бело“, ама тоа кило било од поголема количина, чија крајна дестинација била Македонија. Машала, значи не е толкава сиромаштијата чим кокаинот се троши во големи количини.

Килото на Наќе секако е повеќе од „полчето“ на Павле, но тоа е сосема друга тема…

Комуњарите почнаа да го тролат фејкерот Иле дека не знаел математика, макар и самите да се свесни дека фатенава количина е бајаги поголема од количините кои се „фаќале“ додека Оливер беше министер за џандари.

Од една полициска акција во Македонија нашата квазиполитичка елита (од чије кутило е и неупатениот Иле), успеа да направи политика.

Алооо наш Наќе фати тон и триста кокаин, колку фати Оливер… ?Пренесете му на Павле Полче Богоевски.

Циркус? Нееее циркусот е врвна уметност.

Ова е евтина прича за уште поевтини гласови. Избори идат.

Истите, ќе ги дочекаме со моронски текст на билетите за еднократно возење во ЈСП. Таму во албанскиот текст ни се кажува дека билетите треба да се „избричат“ до крајот на возењето.

Кој ќе ја плати грешката на ЈСП? Даночните обврзници. Ќе преземе ли некој одговорност за несериозниот однос на менаџментот на ова јавно претпријатие? Мало сутра што би рекол поранешниот премиер Заев. Пазете прича скоцкана во две минути до 3 часот. Текстот го провериле, тројца вработени во ЈСП, кои не се ниту преведувачи, ниту лектори, ама што има везе, кога знаеле албански. Сега луѓето испаднаа неписмени нели? Управа педери-вработените неписмени, тоа ли е причава за пред народ? Срам да ви е.

Е сега драги мои, со овие колоритни дешавки од вчера, јас не ја откривам топлата вода. Само сакам да ве потсетам колку несериозни луѓе си играат на државни функционери. Едните произведуваат фејк муабети, другите блескаат со неодговорност и неписменост.

Некој од вас, можеби ќе го цитира Богот Гру (вечна да е неговата светост) со култната изрека – „кој работи греши“, а јас само ќе додадам: „Наздравје бричење“ без разлика на тоа, за чии носеви беше наменето килото што го фати Наќе.

Автор: Атанас Величков