ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ОД 27 АПРИЛ
Денеска во Кривичниот суд почнува судскиот процес за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. Обвинети за кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристески. Обвинет во предметот е и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.
Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта.
За таа цел материјално ги поддржале масовните протести, кои кулминираа со упадот во Собранието на 27 април.