ФФМ ги одреди цените: Билетите за мечот Македонија – Бугарија по 250 и 350 денари
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за претстојниот натпревар со Бугарија во Скопје, на 26 септември, во Лигата на нации.
Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација.
