| |

Мелони: Италија нема да се колеба во поддршката за Украина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината земја нема да се двоуми во поддршката за Украина. Според неа, тоа е избор од национален интерес, пренесува БНР.

„Единствено што не може да се случи е да се мисли дека конфликтот може да се реши со напуштањето на Украина“, рече Мелони по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е гостин на Економскиот форум Амбросети во Италија.

Според Џорџа Мелони, Западот правилно реагирал по руската инвазија на Украина, но таа смета дека Кина и Индија исто така имаат улога во решавањето на конфликтот.

Слични Објави