ЌЕ БИДЕ ФОРМИРАН ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА
DW на македонски информира дека ќе се формира германско-македонски управувачки комитет кој ќе биде посветен на економски прашања, а посебен советник ќе биде ангажиран и во кабинетот на премиерот Заев. Премиерот ја потврди информацијата и објави дека се очекува трговската размена меѓу Македонија и Германија за 2018 година да изнесува 4 милијарди евра. Заев од граѓанската трибина во општина Карпош потенцира дека бизнис-заедницата смета дека заедничкиот комитет ќе биде сериозно олеснување и можност за домашното стопанство.

