ВМРО-ДПМНЕ ОСТАНУВА НА СТАВОТ ЗА НЕПРОМЕНА НА УСТАВОТ И ИМЕТО НА ДРЖАВАТА
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори ставот на неговата партија дека е против промена на Уставот и уставното име на нашата земја. Мицкоски исто така побара разјаснување на институцијата надлежна за потпишување на договори од ваков тип. Дали тоа е Владата или Претседателот. Мицкоски порача дека референдум мора да има и истиот мора да биде задолжителен, а не консултативен.

