ДОГОВОРЕНА РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ РОДИТЕЛИТЕ И МОН ЗА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ

//

Драгана Спасевска, воспитувач и организатор на бојкотот во име на сите родители против дигитализацијата во образованието кои дејствуваат преку фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ соопшти дека е договорена работна средба меѓу родителите и МОН за законот за учебници. Таа во својата објава посочи дека бојкотот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на Министерството, останува како официјален став на групата.

-Почитувани родители, старатели, наставници, средношколци и останати засегнати страни со измените во Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование (во понатамошниот текст: Законот).

Денес (04 Мај 2021) надлежните од Министерство за образование и наука се обратија до мене како овластен претставник на иницијативата и договорена е работна средба на актуелната тема, односно измените во Законот.

Работната средба е закажана на 06 Мај 2021 (Четврток), со почеток во 12:00 часот во просториите на Министерството.
Известени сме дека на работната средба ќе присуствуваме ние и дел од стручниот тим кој работел на новиот предлог закон за образование.
Во моментов стручниот тим на групата работи на подготовка за состанокот.



Заклучоците од средбата ќе бидат објавени на прес конференција пред Министерството, веднаш по завршувањето на работната средба, а воедно ќе бидат дадени насоки за понатамошно дејствување.

БОЈКОТ НА НАСТАВАТА како форма на незадоволство од работењето и постапките на Министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, а за следните чекори јавноста ќе ја информираме преку медиумите и јавните гласила.

НАПОМЕНА: Ова го правиме единствено и само во најдобар интерес за нашите деца, а понатаму и за сите следни генерации кои треба да растат и да се развиваат во здраво општество и здрава средина. Нашите деца се наш прв приоритет и ќе направиме се што е потребно да ги застапуваме и унапредиме нивните и нашите права, се вели во фејсбук статусот.

Претходна статија

АНГЕЛ ДИМИТРОВ: ДОГОВОРИТЕ ЗА РАБОТА НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ СЕ КОРИСТЕА ЗА ПОЛЕСЕН ОТКАЗ

Следна статија

ЖИТЕЛ НА ВЕЉУСА СЕ ЗАТВОРИЛ ДОМА ОТКАКО ПРОБОДЕЛ СОСЕЛАНЕЦ – ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ СО ДИМНИ БОМБИ

Најново од Вести