ЖИТЕЛ НА ВЕЉУСА СЕ ЗАТВОРИЛ ДОМА ОТКАКО ПРОБОДЕЛ СОСЕЛАНЕЦ – ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ СО ДИМНИ БОМБИ

По повеќечасовно убедување и преземање мерки попладнево околу 18 часот полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.