|

ФРАНЦУСКИТЕ ПРОСТИТУТКИ БАРААТ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ЕМАНУЕЛ МАКРОН

Здруженијата што ги претставуваат проститутките во Франција побараа од владата на претседателот Емануел Макрон да им исплати парични средства на сексуалните работници поради влијанието на коронавирусот врз нивната егзистенција, пренесува „Ле Фигаро“.

Федерацијата на Црвените чадори, здружение кое тесно соработува со проститутките и сексуалните работници, повика за создавање на фонд за итни случаи за да се обезбедат приходи и за сексуалните работници, за време на строгиот режим на движење“.

Групата смета дека финансиската помош од државата ќе биде единственото решение за да се спречи преземањето ризик поврзан со вршење сексуална работа и додаде дека прашањето е „прашање на јавното здравје“.

Во 2016 година, Франција донесе закони за проституција со кои им се стави крај на паричните и затворските казни за проститутки, но воведе казни до 1.500 евра за клиентите кои плаќаат за секс и го повторуваат прекршокот, при што висината на казните стигнува до 3.750 евра.

Слични Објави