(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ Е ПРИМЕНА МАЈКА СО ЧЕТИРИ МЕСЕЧНО БЕБЕ ОД КОЧАНИ
На Инфективната клиника во Скопје се примени мајка и четири месечно бебе од Кочани, кои се позитивни на Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција во Владата на РМ.
Филипче изјави дека состојбата на мајката и детето е стабилна и засега нивната клиничка слика е добра.

