|

Грција пред целосен колапс: Генерален штрајк поради железничката несреќа се заканува да ја парализира целата земја

24-часовниот генерален штрајк повикан од синдикатите од приватниот и јавниот сектор во Грција во знак на протест поради железничката несреќа на 28 февруари во Темпи, во која загинаа 57 лица, се очекува утре да ги запре повеќето услуги низ земјата.

Атинското метро и трамвај ќе сообраќаат само од 10 до 15 часот, додека автобусите ќе сообраќаат од 9 до 21 часот. Нема да има приградски воз, а во штрајкот ќе учествуваат и контролори на летање и морнари, пренесува Катимерини.

Генералниот штрајк, свикан од најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, е последен во серијата протести против владата и политичкиот систем за кој се вели дека постојано ги игнорирал повиците на синдикатот за зголемени мерки за безбедност на железницата.

Премиерот Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на шините, по несреќата на 28 февруари во која загинаа 57 лица кога воз со 350 патници, вклучително и главно студенти се судри со товарен воз во близина на Лариса, во централниот дел на земјата.



Слични Објави