Јотова: Во моментов Бугарија ја има една од најбезбедните надворешни граници на Европската унија
Во моментов Бугарија ја има една од најбезбедните надворешни граници на Европската унија. Ова го изjaви потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова по новинарско прашање дали Бугарија е подготвена за можен бегалски бран:
„Гледате што се случува во Италија, во Грција, па без разлика на многуте гласови што ги слушаме, не само внатре во земјата, туку и надвор, скептиците во однос на нашиот влез во Шенген, мислам дека Бугарија овојпат ќе успее. Се разбира, тоа не може да биде само наша задача.Мојот укор е до европските институции, бидејќи знаете дека пактот за миграција е блокиран, не се движи, не се прифаќа, а за жал некои клаузули внатре во него не се во никој случај корисни за Бугарија, бидејќи таканаречениот Даблински договор ќе продолжи да функционира, а тој нѐ осудува да бидеме земја, која главно ќе се грижи за луѓето, кои првпат ќе стапнат на европска територија“.
Потпретседателката Јотова денеска во Националниот дворец на културата во Софија го отвори форумот „Платформа за франкофонија, повеќејазичност и соработка во Европа“.