Драмскиот театар од Ловеч, Република Бугарија со две награди од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово
Драмскиот театар од Ловеч, Р. Бугарија, доби две награди на меѓународниот театарски фестивал ,,Денови на комедијата ” што се одржува во Куманово.
Бугарскиот режисер Дамјан Тенев ја доби наградата за најдобра режија за претставата ,,Седумте столици”, додека сценографката на драмскиот театар од Ловеч Радостина Тодорова ја доби наградата за најдобра сценографија.
Потсетуваме дека 26-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2023“ беше oтворено на 27 септември со претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес.