Столтенберг: Опасно е да се потценуваат Русија и Путин
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека би било опасно да се потцени Русија и амбициите на претседателот Владимир Путин се додека војната во Украина продолжува.
„Тие покажаа голема волја да толерираат загуби и страдања“, рече Столтенберг на деловна конференција во Норвешка, пренесе Ројтерс.
Како што рече, нема индиции дека претседателот Путин ги променил своите планови и цели во Украина.
„Затоа, опасно е да се потценува Русија“, посочи тој.
Извор: makfax.com.mk