| |

АВИОН СО 220 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ХРВАТСКА ДОАЃА ВО СКОПЈЕ, ОД АМБАСАДАТА ТВРДАТ ДЕКА НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19

Се очекува авион со 220 македонски државјани од Хрватска да слета во Македонија. Назиф Џафери од Амбасадата на земјава во хрватскиот главен град за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ соопшти дека помеѓу македонските државјани во Хрватска нема заразени со коронавирусот Ковид-19, а меѓу нив нема ниту жртви од вчерашниот земјотрес во Загреб.

„Македонската заедница е една од најактивните од останатите 22 заедници во Хрватска. Комуникацијата е секојдневна. Помеѓу нашинците засега нема заразени од корона. Имавме заглавени луѓе на аеродромот, па околу 50 наши граѓани ги префрливме во Македонија, изјави Џафери за Утрински брифинг.



Слични Објави