ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗАПИШАНИ САМО 17 СРЕДНОШКОЛЦИ

Во гимназиите во Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево, првиот уписен рок за ученици во прва година гимназија помина разочарувачки.

loading...

Најлошо од сите помина гимназијата во Македонска Каменица „Миле Јаневски Џингар”. Таму според информациите на директорот Круме Стојановски, од очекуваните 204 ученици се запишале едвај 17 ученици.

Во Берово, како општина во која учат и ученици од Пехчево, од планираните 302 во првиот уписен рок се запишале 72 ученици.

Најдобра по првиот упусен рок е состојбата во делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо”. Во Делчево по првиот уписен рок се запишале 90 ученици, има вкупно слободни места за уште 130 ученици.



loading...

Од запишаните 180 ученици во сите четири општини, интересот е најголем за општа гимназија, додека помал за техничките струки.