| |

Делото на познатиот бугарски драматург Александар Секулов „Нема струја за електричниот стол“ повторно ги заслужи овациите на велешката публика

На 27 мај пред повторно полна сала во театарот „Јордан Хаџи-Константинов Џинот во Велес беше претставена театарската претстава „Нема струја за електричниот стол“ напишана од познатиот бугарски драматург Александар Секулов. Настапот се одржа со помош на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје во соработка со Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот-Велес.

По претставата беше организирана Тркалезна маса со актерската екипа – маестралните Васил Зафирчев и Исидор Јованоски, Сашо Димоски, драматург и директор на театарот, Дејан Пројковски, режисер и авторот на текстот Александар Секулов од Р. Бугарија, на која присуствуваше и г-ѓа Антонија Велева, директор на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Во разговорот, авторот на текстот Александар Секулов рече „Напишав многу романи, книги, но ова е мојата прва драма, напишана пред 8 години. Сега, откако ја гледав продукцијата, сфатив дека текстот е многу тежок, но како и секој дебитант во уметноста, решив да покажам се што можам во мојата прва претстава“. Секулов изрази благодарност до целата екипа која работеше на претставата и за маестралната изведба на „Нема струја за електричниот стол“.

Премиерата на продукцијата „Нема струја за електричниот стол“ на сцената на Театарот Јордан Х.К. Џинот-Велес беше на 8 април годинава. Поради големиот интерес на публиката, таа беше повторена на 11 април, три дена по распродадената премиера.

Секоја изведба на претставата „Нема струја за електричниот стол“ беше наградувана со громогласни и долги минути аплауз од публиката, велат од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.



Слични Објави